Колега,ме прашува и ми покажува слика од интернет.Дали може да се направи една ваква маса и колку ке ме кошта?Му викам не повеке од 6.000 ден.Молаам,ми вика ај помогни ми,Иначе колегата мој е многу талентирано Фрикче кој во него поседува 4-5 занаети и ке ги набројам(електроника,компјутерски хардвер и софтвер,авто механичар,столарија-од пред некој период),Нонстоп кога ке правиме нешто муабет за столарија,коли,компјутери сум го заприметил дека на крај од муабетот секогаш ми вика ако сакаш се можеш да направиш,само ако доволно сакаш.И видов и се уверив во него.Му направив скица и спецификации за кроење за клуб масичкава и фриков ја направи поубава од сликата.Покрај тоа направи и комода,библиотека и полици од материјалот.Фрики толку педантно ја заврши работата,што секој кој ке му дојдеше дома го прашуваше од кој салон те е купен мебелот :) Си викам јас ејјјј,Златен Занает,Златен Занает........